Skip to content

ОПИС

Во рамките на "НЛБ месецот на штедење" НЛБ Банка организира акција за цртање на тема "Истражување на убавините на нашата земја". Овие активности се наменети за сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Северна Македонија.

Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да штедат, да ги поделат своите и да откријат нови идеи за штедење.

Активностите траат од 25.09.2020 до 25.10.2020 година


КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?


Во "НЛБ месецот на штедење"може да учествуваат сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Северна Македонија.
Секој учесник потребно е да нацрта цртеж на тема "Штедење" или "Истражување на убавините на нашата земја".

КАКО МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?

Учество во "НЛБ месецот на штедење" се остварува со прикачување на цртеж на тема "Истражување на убавините на нашата земја" или "Штедење" најдоцна до 25.10.2020 г. на веб страницата www.stedenje.nlb.mk согласно инструкциите дадени на самата веб страница.

НЛБ Банка нема да ги земе во предвид трудовите на учесниците во "НЛБ Месецот на штедење" доколку:

• Пријавеното дело не е во согласност со законите и правните прописи на Република Северна Македонија или истата е со недолична, насилна или дискриминирачка содржина;
• Пријавеното дело не е оригинално или на кој било начин ги крши авторското право и сродните права и други права од интелектуална сопственост на трети лица;
• Доставените податоци и согласности за учесникот се нецелосни или погрешни.

КАКО СЕ НАГРАДУВА?

Сите дела од пријавените учесници пристигнати на веб страницата на Банката ќе бидат објавени на веб страницата www.stedenje.nlb.mk, и за истите ќе може да се гласа. Еден посетител ќе може да гласа само еднаш за еден ист цртеж, но за повеќе различни цртежи.

Во рамки на "НЛБ месецот на штедење" ќе бидат наградени вкупно 30 цртежи со Штедна книшка со штеден влог од 3.000 денари, односно 10 цртежи со најголем број на гласови собрани преку веб страната www.stedenje.nlb.mk и 20 цртежи со најголем број на гласови од страна на комисијата составена од реномирани македонски уметници.

Сите награди за избраните победници ќе бидат доделени на учесниците кои ги поднеле апликациите во "НЛБ месецот на штедење", во присуство на негов родител/старател или на полнолетно лице ополномоштено од нивна страна со нотарски заверено полномоштво. Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на НЛБ Банка АД Скопје.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитниците на главните награди ќе бидат објавени на веб страницата www.stedenje.nlb.mk најдоцна до 30.10.2020 година и дополнително ќе бидат контактирани од страна на НЛБ Банка, за локацијата на подигнување на наградите.

Организатор:
НЛБ Банка АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ ОПШТИ УСЛОВИ ГАЛЕРИЈА ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВИДЕА СО ТИБИ И ШТУКИ 02/15 600 info@nlb.mk ВРЕМЕ ЗА ЗАБАВА
Општи условиstedenje2020-09-22T13:14:04+02:00
Go to Top