НЛБ Банка нема да ги земе предвид трудовите на учесниците во „НЛБ Месецот на штедење“ доколку:

 

• Пријавеното дело не е во согласност со законите и правните прописи на Република Македонија или истата е со недолична, насилна или дискриминирачка содржина;

• Пријавеното дело не е оригинално или на кој било начин ги крши авторските и други права на интелектуална сопственост од трети лица;

• Доставените податоци и согласности за учесникот се нецелосни или погрешни;

• Доставените лични податоци (име, презиме, адреса) се напишани на предната страница од цртежот.


КАКО СЕ НАГРАДУВА?

Сите дела од пријавените учесници пристигнати на еден од трите начини за доставување ќе бидат објавени на веб страната stedenje.nlb.mk, и за истите ќе може да се гласа.

За вкупно 30 цртежи со најголем број гласови собрани преку web страната http://stedenje.nlb.mk и најголем број гласови од страна на комисијата составена од реномирани македоснки уметници, НЛБ Банка доделува награда - Штедна книшка со штеден влог од 3.000 денари.

 

Сите награди за избраните победници ќе бидат доделени на учесниците кои ги поднеле апликациите во „НЛБ Месецот на штедење“; во присуство на негов родител/старател или на полнолетно лице ополномоштено од нивна страна со нотарски заверено полномоштво. Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на НЛБ Банка Скопје.


ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитниците на главните награди ќе бидат објавени на веб страницата http://stedenje.nlb.mk најдоцна до 30.10.2018 година и дополнително ќе бидат контактирани од страна на НЛБ Банка, за локацијата на подигнување на наградите.


Организатор:

НЛБ Банка АД Скопје